Фото: ms.gov.mk/Министерство за спорт

Зоран Јовановски ќе настапи на Зимските параолимписки игри во дисциплината слалом, класа седење ЛВ11

Македонскиот параолимпиец Зоран Јовановски, кој ќе ја претставува Македонија на Зимските параолимписки игри во Милано–Кортина 2026 (ЗПОИ 2026) и членовите на македонската параолимписка делегација, денеска остварија средба со државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски.

Зимските параолимписки игри ќе се организираат во периодот од 6 до 15 март 2026 година.

Јовановски испишува историја во македонскиот спорт како прв македонски параолимпиец кој ќе настапи на зимски параолимписки игри. Учеството на ЗПОИ 2026 тој го обезбеди со вајлд карта доделена од Интернационалниот параолимписки комитет.

Упатувајќи честитки за постигнувањата и желби за успешен настап на нашиот прв параолимпиец на зимските параолимписки игри, Огњеновски ја истакна важноста на овој настан за македонскиот спорт.

Фото: ms.gov.mk/Министерство за спорт

– Ова е историски ден за македонскиот параолимписки спорт. Зоран Јовановски со својот труд, посветеност и храброст испиша нова страница во спортската историја на Македонија. Горди сме што за првпат ќе имаме претставник на Зимските параолимписки игри. Му посакувам успешен настап и достојно, храбро и со срце да ги брани боите на Македонија на големата олиписка сцена – рече Огњeновски.

Во својот прв настап на Зимските параолимписки игри, Јовановски ќе се натпреварува во дисциплината слалом, класа седење ЛВ11.

Тој испиша историја и во 2024 кога дебитираше на трки од календарот на Светската скијачка федерација, потврдувајќи дека со континуирана работа и поддршка, македонските спортисти можат рамноправно да се вклучат на најголемата меѓународна сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот