Зоки Поки – магичен свет кој е визуелно спектакуларен и полн со емоции (ВИДЕО)

„Зоки Поки“ е ТВ-серија според истоимената книга за деца на писателката Оливера Николова, првично објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, по што следувале голем број изданија. Повеќе од половина век книгата била задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.

Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“ не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, Поповски и Насков сакаат да создадат ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време.

  • Голем предизвик е да екранизираш едно вакво дело. Очекувањата се големи. Задоволство е да се работи со деца. Кастингот траеше долго време и судејќи како течеше процесот на снимање се надевам дека ги избравме правите деца за улогите кои ќе ги толкуваат. Прво одиме на МТВ, а веднаш по емитување на емисијата одиме и на јутјуб, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Роберт Насков, продуцент на детскиот ТВ серијал „Зоки Поки“.

Проследете го разговорот со Насков:

Прочитајте го и поопширното интервју со продуцентот Роберт Насков.

Интервју со Роберт Насков: Потребно е да креираме наши брендови со кои децата ќе можат да комуницираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот