Знаете ли зошто мачките имаат различни бои на очите?

Сите мачки се раѓаат со сини очи, а веќе од седмата до дванаесеттата недела од нивниот развиток ја добиваат конечната боја на очи.
Но, тоа што фасцинира е дека нивните очи може да бидат и со различна боја. Овој феномен е познат под терминот хетерокромија, а освен кај мачките се јавува и кај други животни и луѓето.
Мачките кои имаат хетерокромија, најчесто се со бело крзно или имаат крзно со шара во бела боја. А, кога зборуваме за нивните очи, комбинациите се безброј, од кафеави нијанси, до зелени и сини.
Кај мачките, бојата на очите се одредува преку пигментот меланин, исто како и кај луѓето. Во периодот на развитокот на мачките, пигментот се активира во очите и со тоа ја одредува нивната боја.
Исклучок е кога пигментот нема да продре до едно од очите, при што се создаваат фантастични комбинации на бои.