Знаете ли зошто Џенис од „Пријатели“ имаше толку иритантен глас? Оваа интересна приказна го создала нејзиниот лик!

Фото: Јутјуб

Актерката Меги Вилер открила зошто всушност настанал иритантниот глас на ликот Џенис кој таа го толкуваше во серијата „Пријатели“…

Меги која ја игра Џенис, поранешната девојка на Чендлер со неверојатно висок тон на гласот и смеење, кое со текот на годините стана едно од најпрепознатливите ТВ смеења, инаку не зборува со таков тон на гласот, но на аудицијата се претставила токму така и ги воодушевила креаторите на најпознатиот ситком на сите времиња.

Меги пред тоа добила отказ од серијата „These Friends of Mine“ на денес озлогласената водителка Елен Деџенерис и вели дека била скршена поради тоа. Затоа на аудицијата за „Пријатели“ одлучила целосно да се ослободи и да испроба нешто ново за да остави различен впечаток од сите останати – и така настанал гласот на Џенис.

„Да дојдев на аудиција било кој друг ден можеби и би изглумила поинаку, но тогаш дојдов се уште под импресии од отказот и се чувствував слободно. Одлучив да бидам поразлична и тоа испадна во моја корист“, раскажа актерката во интервју за „News“.

Нешто претходно зборувала на истата тема и во емисијата „The Morning Show“.

„Одлучив да го направам тоа штом ја видов аудициската сцена, а смеењето го креирав бидејќи знаев дека Метју Пери е многу смешен и дека ќе ме засмејува на сетовите. Затоа сметав дека е подобро Џенис да има специфично смеење бидејќи тој ќе ме смее секој пат кога ќе правиме нешто заедно“, изјавила Вилер.

Џенис во серијата се појави во 1994 година и остана како епизодна улога се до 2004 година.

А како звучи Меги кога не е Џенис можете да слушнете во видеото (од 0:30).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот