Знаете ли колку обложувачите уплатија само за натпреварите од Лигата на шампионите?

Лани за мечевите од ЛШ од биле исплатени вкупно 26 милијарди евра/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

За љубителите на спортското обложување, натпреварите од Лигата на шампионите носат посебен шарм, па не чуди што во нив се вложени најмногу пари.

Минатата година најпрестижно европско клупско натпреварување беше и натпреварувањето на чии мечеви беа исплатени најмногу пари во обложувалниците ширум светот.

„Спортрадар“ кој стана генерален партнер на УЕФА за спортско обложување објави дека лани за натпреварите од Лигата на шампионите биле исплатени вкупно 26 милијарди евра!

Според анализата, вкупниот промет во обложувалницата за 2021 година изнесува неверојатни и вртоглави 520 милијарди евра, од кои 15 отсто или 78 милијарди евра припаѓаат само на најсилните европски лиги, и натпреварувањата на УЕФА како Лигата на шампионите или Лига Европа.

Дополнителни 12 отсто од вкупниот оптек на пари во легалните обложувалници припаѓаат на Европското првенство што се одржа летово или вкупно 62 милијарди евра бил прометот на пари уплатени за едномесечен турнир што се одржува во многу земји на Стариот континент. Тоа значи дека во просек се плаќале 1,2 милијарда евра по натпревар.

За Лигата на шампионите во просек се плаќале 210 милиони евра по натпревар, додека во Европската лига сумата е многу помала, околу 76 милиони евра, но ова е доволен показател колку всушност најатрактивните фудбалски пресметки се практично мамка за љубителите на спортското обложување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот