Работник во металуршка фабрика / Фото: Слободен печат / Жарко Настоски

Значително послаб промет во индустријата е забележан во јануари

Прометот во индустријата во јануари годинава, се намалил за 9,4 проценти на годишно ниво, а на месечно за 13,9 проценти – објави денеска Државнот завод за статистика.

Во јануари годинава во однос на јануари лани опаѓање на прометот во индустријата, според главните индустриски групи, има кај Интермедијарни производи, освен Енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 9,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.

Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите: Производство на метали со 24,4 проценти, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23,3 проценти и Производство на прехранбени производи со 5,6 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6 проценти, а на странските пазари од 10,6 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот