Змијанац: Општ пад на моралните и семејните вредности

Директорот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за последниот скандал со присуство на детска порнографија на социјалните мрежи.

– Општ пад на моралните вредности и губење на семејните вредности. Губење на контакт и комуникација на родителите со децата и една слика како функционира образовниот систем. Говори и за една отуѓеност и потреба на децата да привлечат внимание меѓу своите другарчиња, а притоа сликите се злоупотребении ставени на тапет – изјави Змијанац.

„Имаме неформални информации дека постојат, односно некои луѓе се дислоцирани и на други групи. Замислете дека интернетот е толку продорен што тие фотографии кои имаат светлина на денот не може да се избришат. Траумите кај децата се огромни и мора да се внимава дека тие што ги поседуваат тие слики и нивна дистрибуција е кривично дело кое предвидува пет до осум години затвор. Проблемот е сериозен“, рече Змијанац во „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот