Златото ја сака кризата: Зошто некогаш е добро да инвестираме во овој благороден метал?

После секоја криза аналитичарите и инвеститорите се повеќе си го поставуваат прашањето дали е паметно да се вложува во злато. Еве го одговорот!

Кога настапи пандемијата, ретко кој можеше да претпостави дека ќе дојде до криза од вакви размери, луѓето да се плашат за егистенција и за својата иднина, но и инвеститорите беа збунети и не можеа да проценат во што да вложуваат. Повторно се појави потребата за купување злато, чија цена нагло порасна.

Овој вреден метал ја сака кризата, бидејќи за време на пандемијата се друго опаѓа, само цената на овој благороден метал расте. Фабриките затвораат, работните места се загрозени, готовината се троши, додека она што многумина го чуваат со години и децении во своите сефови, веќе не е само за престиж.

Златото, изгледа, особено многу ја сака кризата. Неговата цена оваа година порасна за 13 проценти, и со тоа стигна на највисоко ниво од 2012 година, а многумина прогнозираат натамошни добивки, бидејќи довербата на инвеститорите кон овој метал се повеќе расте, гледајќи на него како на „сигурно пристаниште“ во кое може да ги вложат своите пари.

Она што се случуваше претходниот период е секако тоа што поединци и одделни земји забележаа пад на приходите, а традиционалните трговци со злато во Индија и Кина ги намалија своите залихи  како и нивните централни банки. Сепак тоа денеска достигнува вредност од 1.700 долари за унца, а предвидувањата велат дека тоа би можело да достигне вредност и до 3.000 долари за 18 месеци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот