Што е „златно млеко“ и зошто треба да го пиете

Фото: Профимедиа

Млекото од куркума, на индиски – haldi doodh, е еден од најпопуларните напивки за зајакнување на имунитетот, лекување настинки, грип, а се користи и за артритис и воспаление.

Напивката, која уште ја нарекуваат и „златно млеко“, со векови се користи во Азија за борба против многу болести, а денес е еден од најпопуларните пијалаци.

Главната состојка е куркумата, која се состои од супстанција позната како куркумин.

Куркумата има антивоспалително, антисептично и антиалергиско дејство, а помага и кај респираторни проблеми, дејствува на расположението и меморијата. Ова млеко го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува крвниот притисок и го регулира метаболизмот.

Со редовно пиење на оваа напивка, многу брзо ќе му се зајакне имунитетот на детето, а исто така ова млеко ќе помогне и во правилниот раст и развој. Покрај тоа што овој според многумина „совршена здрава напивка“ е препорачлив за децата над тригодишна возраст, многу придобивки од неговото редовно консумирање ќе почувствуваат и сите луѓе независно од возраста.

Болки во коските и во мускулите

„Златното млеко“ се препорачува да го консумираат и луѓето што имаат проблем со ’рбетот, зглобовите или со коските, бидејќи тоа помага во „подмачкувањето“ на ’рбетот и на зглобовите, но и на целото тело. Покрај тоа, позитивно влијае и врз одржувањето на здравјето на дебелото црево и важи за превенција на појавата на рак на дигестивниот систем.

Оваа лековита напивка поволно влијае и врз работата на слезината, а истовремено помага и во детоксикацијата на целиот организам. Исто така, многупати досега било докажано дека „златното млеко“ го зајакнува имунитетот.

Напивка што изобилува со калциум

„Златното млеко“ во својот состав изобилува со калциум и помага во правилниот раст и развој на децата.

Инаку, подготовката на оваа напивка е исклучително едноставна. Првиот чекор за да ја подготвите е на правилен начин да направите еден вид паста од куркума. Потребни ќе ви бидат следните состојки:

– куркума
– млеко
– црн бибер
– маслиново или кокосово масло

Паста од куркума

Пред да започнете со подготовката на „златното млеко“, потребно е да научите да подготвувате и тоа во домашни услови – паста од куркума. За да ја направите успешно, потребни ќе ви бидат 150 милилитри вода, во која ќе додадете 40 грама куркума во прав и малку црн бибер. Со додавањето на црн бибер, лековитите својства што се присутни во составот на куркумата неколкукратно се зголемуваат.

Откако сите состојки ќе ги ставите во сад, убаво промешајте. Потоа оставете ги намирниците да започнат да се врзуваат една со друга. Повремено промешувајте. Оваа постапка треба да трае од 8 до 10 минути. На крајот треба да добиете густа смеса, односно ќе знаете дека смесата е готова кога ќе добие текстура слична на згуснат јогурт. Доколку, пак, смесата е погуста од онаа што сте посакувале да ја направите, во тој случај слободно додајте малку вода. Пастата слободно можете да ја направите и во поголеми количини бидејќи во фрижидер можете да ја чувате и до 40 дена а притоа воопшто нема да изгуби од квалитет.

Подготовка на млекото

За да направите една доза од „златното млеко“, потребно е:

– 250 милилитри млеко
– 40 милилтри нерафинирано бадемово масло
– 20 грама мед

Подготовка:

Ставете го млекото во тенџере на оган. Откако млекото ќе почне да врие, додајте го бадемовото масло. Оставете го да поврие уште неколку минути. Потоа течноста сипете ја во чаша и додајте мед. На крајот ставете една лажичка од претходно подготвената паста од куркума. Сето тоа убаво измешајте го.

„Златното млеко“ се пие на празен желудник и тоа веднаш штом ќе се разбудите. Оваа процедура трае максимум 40 дена, а се практикува двапати годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот