Златната мечка на Берлинале ја доби француски документарен филм

Фото: Профимедиа

Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното Берлинале ја доби францускиот документарен филм „Sur l’Adamant“ на режисерот Николас Филибер.

„Вие не сте при себе!“, рече режисерот Николас Филиберт откако претседателката на овогодинешното меѓународно жири, американската актерка Кристен Стјуарт му ја врачи Златната мечка за најдобар филм на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин.

Филмот Sur l´Adamant (На Адамант) го тематизира секојдневниот живот на еден брод на Сена во Париз, каде што се наоѓа психијатриска клиника.

Сребрената мечка – големата награда на жирито – ја доби германскиот режисер Кристијан Пецолд за филмот „Црвено небо“, а наградата за најдобро актерско остварување ја доби шпанската актерка Софија Отеро за улогата на момче во филмот „20.000 видови пчели“.

Наградата за најдобар режисер му припадна на францускиот режисер Филип Гарел за филмот „Le grand chariot“. Сребрената мечка за најдобро сценарио ја доби сценариската екипа на филмот „Музика“ на германската режисерка Ангела Шанелец.

Наградата за извонредно уметничко достигнување му припадна на филмот на италијанскиот режисер Џакомо Абруцезе „Диско момче“.

На овогодинешното Берлинале Златната мечка за животно дело му беше доделена на американскиот режисер Стивен Спилберг.

Прикажани се 287 филмови од 67 земји. За некоја од главните награди се натпреваруваа 19 филмови прикажани во натпреварувачкиот дел. Овогодинешното 73-то Берлинале се одржа без пандемични ограничувања за првпат по две години.

Берлинале завршува денеска со ден резервиран за проекции за пошироката публика. Берлинскиот филмски фестивал, заедно со фестивалите во Кан и Венеција, е меѓу трите најважни филмски фестивали.

ФОТО | Сите очи вперени во Стујарт, Хатавеј и Гарн: Актерки кои ги украдоа погледите на отворањето на „Берлинале“

ВИДЕО: Активисти се залепија за црвениот тепих на отворањето на „Берлинале“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот