ВИДЕО: Активисти се залепија за црвениот тепих на отворањето на „Берлинале“
Маж и жена, активисти на групата „Последна генерација“, која со екстремни акции го привлекува вниманието на климатските промени, вечерва се залепија себеси за црвениот тепих на отворањето на филмскиот фестивал во Берлин, повикувајќи ги германската влада и целото општество да преземат повеќе мерки во борбата со климатските промени.
Препорачано
Двајцата активисти се залепија за тепихот по доаѓањето на филмските ѕвезди во „Берлинале Паласт“ на свеченоста на отворањето на фестивалот, каде со видеоврска на присутните им се обрати украинскиот претседател Володомир Зеленски , давајќи му уште поголем политички печат на годинешното 73-то издание на филмската смотра.
Движењето Letzte Generation (Последната генерација), која ја организираше и оваа протестна акција како и бројните други во музеите низ Германија, соопшти дека сегашната влада во Берлин и целото германско општество се последните кои „имаат шанса да го спречат климатскиот пекол со милијарди мртви“.
„Залагањето за одржливост на ниско ниво, како што тоа го прави Берлин, е важно но нема да нѐ спаси самото посебе. Мораме да направиме пресврт“, изјави еден од активистите, кој се претстави како Рафаел Воелми.
„Доколку продолжиме да бегаме до стварноста, ќе ги минеме првите климатски пресврти и ќе придвижиме смртоносна лавина од која нема спас“, изјави другата активистка, Лиза Винкелман.
И движењето соопшти дека двајца негови активисти ја прескокнале оградата за да го изведат протестниот чин. Медиумите известуваат дека просторот со црвениот тепих на влезот во салата, инаку многу добро обезбедуван, бил речиси пуст во моментот кога активистите ја прескокнале оградата, бидејќи повеќето од гостите биле веќе влезени во објектот.


