ФОТО | Сите очи вперени во Стујарт, Хатавеј и Гарн: Актерки кои ги украдоа погледите на отворањето на „Берлинале“
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, познат и под името „Берлинаре“ е основан во 1951 година, а од 1978 година се одржува секоја година, во февруари. Берлинскиот фестивал се смета за еден од најпосетените филмски фестивали во светот.
Препорачано

По две години пауза, ѕвездите од филмскиот свет повторно прошетаа по црвениот килим во Берлин на 73-тото издание на познатиот филмски фестивал. Присутните, пак, имаа можност да уживаат во најновите модни изданија на познатите личности.

Првите погледи на присутните ги привлекоа актерките Ен Хатавеј, која глуми во филмот со кој е отворено Берлиналето – „Таа дојде кај мене“, и Кристен Стјуарт, која годинава беше претседател на жирито.
Хатавеј продефилира во креација на Питер Мулиер – црн фустан со качулка од колекцијата за пролет-лето 2023 година на етикетата, обложен со кожа на колковите. Овој модел за прекуден, таа истата вечер го промени со проѕирна наметка фустан украсена со светки од најновата колекција на висока мода на „Валентино“. Изгледот го надополни со долги кожени ракавици.

Претседателката на жирито и актерка, Кристен Стјуарт, исто така, ја промени модната комбинација за ден и за ноќ со помош на стилистката Тара Свенен. Портокаловиот твид костим, модел на „Шанел“, беше заменет со фустан од високата мода на „Шанел“, со прерамки слични на трегери и со пеперушка.

Манекенката и актерка Тони Гарн вчеравечер присуствуваше на премиерата на филмот „She Came To Me“ во Берлин, во склоп на Меѓународниот филмски фестивал Берлинале и измами воздишки во креација на Армани.


Завидната фигура на манекенката дојде до израз од секој аспект, но и еден детаљ – обетка на носот беше во фокусот на вниманието.


