Златен медал за македонскиот таеквондист Дарко Георгиев на „Софија Опен Г1“

Тренерот Борче Костовски со таеквондистот Дарко Георгиев/фото: facebook/Дарко Костовски

Значајно злато освои македонскиот таеквондист Дарко Георгиев на меѓународниот турнир „Софија Опен Г1 2024“.

Георгиев, членот на таеквондо клубот „Бутел“ дојде до златен јуниорски медал на турнирот во Бугарија, најсилен турнир во регионот.

Нашиот натпреварувач успеа да оствари три победи, две над таеквондисти од Србија, а во финалето триумфираше против олимписка надеж на Бугарија.

Претходно овој месец таеквондисти на „Бутел“ имаа исто така големи успеси на Светски Г1 Куп Топ Тирана со два медали.

Сребро имаше Ведрана Тунески (кадети) со четири победи, додека Теодор Стојановски дојде до бронзата со две победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот