„Златен лав“ за комедијата „Poor Things“ на годинашниот Венецијански филмски фестивал

Јоргос Лентимос со својата статуетка „Златен лав“ / 9 септември 2023 / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Комедијата „Poor Things“, во режија на грчкиот режисер Јоргос Лентимос, ја освои престижната награда „Златен лав“ на годинашниот Венецијански филмски фестивал, кој се одржа од 30 август до 9 септември.

Филмот на британската продукција ги воодушеви присутните на фестивалот со својата „луда“ приказна за жена која по самоубиството ја реанимира луд доктор, кој го заменува нејзиниот мозок со мозокот на нејзиното неродено бебе.

Постерот за „Poor Things“ / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Налик дете, но со тело на возрасна личност, ликот Бела Бакстер станува сè понезависна со нејзиното сексуално експериментирање, откривајќи се себеси низ надреалната верзија на Европа од 19. век.

Покрај Ема Стоун, која ја толкува главната улога, во филмот играат и актерите Вилем Дафо и Марк Рафало.

Сцена од филмот „Poor Things“ / Фото: Supplied by LMK / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

Наградите за најдобра глума им припаднаа на Кејли Спини, за улогата на Присила Присли во филмот „Priscilla“, и на Питер Сарсгард, за неговата улога во семејната драма „Memory“.

Наградата „Сребрен лав“ ја доби драмата „Evil Does Not Exist“ во режија на Јапонецот Рјусуке Хамагучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот