Зимница без конзерванси: Пеглани пиперки по традиционален рецепт

Фото: Профимедиа

Пегланата пиперка мора да биде во вашата остава, а според овој проверен рецепт ја подготвувале нашите мајки и баби.

Пегланата пиперка е незаменлив дел од секоја зимница. Подготвена на овој начин, пиперката останува цврста и крцкава, малку пикантна, а е совршен додаток на секое јадење. Токму така некогаш ја правеа нашите мајки и баби, а самата процедура е прилично едноставна, важно е само да изберете меснати и свежи пиперки, кои на себе немаат никаква оштетување.

Состојки:

– 5 кг црвени меснати пиперки
– 500 мл масло
– 200 г сол
– 100 г шеќер
– 500 мл оцет
– 2 главици лук
– 1 лажичка зрна бибер
– една китка магдонос

Подготовка:

Пиперките добро измијте ги, исчистете ги од семките, па исечете ги на дебели ленти. Наредете ги во еден ред во длабок сад, потоа посипете ги со шеќер и сол, прелијте ги со масло и оцет, па одозгора наредете уште еден ред пиперки и повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.

Оставете ги да отстојат неколку часови, а можете и преку ноќ. Повремено мешајте ги, сите пиперки да бидат убаво покриени со мешавината од зачини.

Кога пиперките ќе омекнат, наредете ги во поголеми, претходно стерилизирани тегли, а меѓу нив ставете чешниња лук, зрна бибер и магдонос.

Секоја тегла наполнете ја со течноста што останала од пиперките, притиснете со пластична решетка, затворете ги капаците и ставете ги на темно и ладно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот