Зидан: Доколку сакате да ме отпуштите, кажете ми го тоа во лицето!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во пресрет на гостувањето кај Хуеска в сабота, пред новинарите се појави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кои целосно го исфрлија од такт со прашања.

Французинот полуде по прашањето за отказ и влезе во конфликт со „седмата сила“.

– Не сум задоволен кога ме испрашуваат секој пат кога играме лош натпревар. Не го заслужувам ваквиот третман од новинарите. Ја освоивме „Ла Лига“ минатата година, очекувам малку почит. Доколку не успееме да ја одбраниме, јас ќе бидам првиот што ќе преземе одговорност. Малку сум лут, две недели бев „заклучен во кафез“ и сакам да излезам и да покажам дека ќе се борам до крај – рече Зидан.

Прашањето на новинарот дали тој се обидува да ја олесни моменталната „безизлезна“ ситуација зборувајќи за титулата од минатата сезона дополнително го разбесни тренерот на „кралевите“.

– Дали си сериозен? Секој ден сум „отпуштен“. Ние, Реал Мадрид, ја освоивме лигата минатата година. Имаме право да се бориме за неа оваа сезона. Следната година ќе мора да направиме некои работи, да смениме нешто. Оваа година? Пуштете нè да се ​​бориме, значи ние кои ја освоивме титулата минатата година. Не пред 10 години, туку лани. Само малку почит, тоа е сè што барам – додаде Зидан и продолжи:

– Говорите многу работи, а ние мора да ги „преведуваме“. На крајот на краиштата, тоа е ваша работа. Но, вистината е дека еден ден сум сменет, следниот сум тука, тогаш повторно ремизираме или губиме и јас сум повторно поранешниот. Но, морате лично да ми кажете што сакате. Доколку сакате да ме отпуштите, кажете ми го тоа во лицето, а не зад мојот грб. Вие си ја работите својата работа и јас го почитувам тоа, но и ние ја имаме нашата. Сè што барам е почит – се зборовите на францускиот стратег.

Натпреварот помеѓу Хуеска и Реал Мадрид ќе се игра во сабота од 16.15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот