ЖРТВИТЕ ГО ПОВИКУВААТ ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ДА ПРИЗНАЕ: Имав 17 години, тој точно знае што стори

фото: Профимедиа

Една од жртвите од педофилскиот сакандал Џефри Епштајн го обивни принцот Ендрју дека три пати имал сексуални односи со неа, па бара негово обвинување за тоа.

Жената која тврди дека со 17 години да има секс со принцот Ендрју, војдодата од Јорк, ги отфрли неговите деманти и рече дека се надева дека ќе биде појасен во врска со тоа.

– Принцот Енрдју точно знае што има сторено – рече Вирџинија Робертс пред судот во Њујорк, каде повеќе жени сведочеа за секскуално злоупотреба која ја сторил мултимилионерот Џефри Епштајн.

Многу од нив изјавија дека неговото самоубиство ја уништило можноста да се задоволи правдата. Стана јасно дека Епштајн напишал порака два дена пред да се самоубие, дека целиот свој имот, вреден повеќе од 469 милиони фунти, ги препишува на неговиот брат, а тоа на жртвите им ја отежнува можноста да дојдат до отштета, пишува „Independent“.

Робертс претходно сведочеше дека три пати имала сексуален однос со принцот Ендрју. Таа рече дека била дел од „една оргија“ во Лондон и на „неговиот приватен остров на Карибите“. Принцот повеќе пати остро ги негираше овие трврдења.

– Ниту во една фаза во текот на одредено време кое го имам поминато со нив немам видено, ниту сум бил сведок или сум се сомневал за такво однесување, кое подоцна ќе доведе до мое апсење и осуда – вели принцот Ендрју

Неговите коментари следеа откако во 2010 година од домот на Епштајн во Менхетен се појавиле видеоснимки. Тоа се случувало две години откако Епштајн ја признал вината за заведување на малолетнички. Снимката е настаната речиси во исто време кога тој е фотографиран во Ценрал Парк заедно со Епштајн, кој меѓу пријателите ги спомена и поранешниот претседател Бил Клинтон и сегашниот Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот