Жозе Мурињо го очекува суспензија од еден до три натпревари
Тренерот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче, Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на скандал кој може да му донесе строга санкција.
Препорачано
По поразот од Галатасарај со 1:2 во четвртфиналната пресметка за Купот на Турција, португалскиот стручњак си дозволи неприфатливо однесување – го фати за нос тренерот на противничкиот клуб, Окан Бурук.
Турскиот медиум Фанатик пренесува дека во моментов се зависи од содржината на официјалниот извештај на делегатот на натпреварот.
Доколку постапката на Мурињо се квалификува како „неспортско однесување“, тој би можел да биде санкциониран со суспензија од еден до три натпревари.
Меѓутоа, во случај инцидентот да биде оценет како „физичка агресија“, според член 44 од дисциплинскиот кодекс на Турската фудбалска федерација, казната може да се движи од пет до 10 натпревари, па дури и суспензија во период од 45 до 90 дена.
Okan Buruk’un burnunu sıkan Jose Mourinho, ‘Sportmenliğe aykırı hareket’ nedeniyle PFDK’ya sevk edilirse Futbol Disiplin Talimatnamesi’ne göre 1-3 maç arası ceza alacak.
Portekizli teknik adam, FDT 44. maddedeki ‘saldırı’ nedeniyle sevk edilirse 5-10 maçtan men veya 45-90 gün… pic.twitter.com/v7vLpfbjTr
— Fanatik (@fanatikcomtr) April 3, 2025


