ВИДЕО | Мурињо направи нов скандал овојпат во дербито против Галатасарај
Фенербахче беше елиминиран на домашен терен од Галатасарај со 2:1 во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Турција.
Препорачано
Натпреварот го одбележа и нападот на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо врз тренерот на противничката екипа, Окан Бурук.
Мурињо по мечот беше во разговор со Бурук, а на видеото се гледа како тој го влече за нос.
Многу брзо по инцидентот, речиси сите се собраа околу тренерот – имаше играчи, обезбедување, медицински персонал и фотографери, а голем број од нив го принудија Мурињо да го напушти теренот.
Што се однесува до натпреварот Галатасарај успеа да дојде до предност преку Осимен кој ја погоди противничката мрежа во 10 минута, а потоа повторно погоди во 27 минута овој пат од белата точка. За Фенербахче, Себастијан Симански постигна гол во судиското надополнување на првото полувреме.
Галатасарај во полуфиналето на турскиот Куп ќе игра против Коњаспор, а во вториот полуфинален меч Трабзонспор ќе игра со победникот од дуелот Бешикташ – Гезтепе.
MOURINHO'DAN OKAN BURUK'A FİZİKSEL MÜDAHALE! pic.twitter.com/YLlNiSxIwQ
— Fotomaç (@fotomac) April 2, 2025


