Жоржињо е најдобар фудбалер за минатата сезона, Тухел најдобар тренер

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерот на Челси, Жоржињо е избран за најдобар фудбалер за минатата сезона од страна на УЕФА.
Италијанскиот репрезентативец сосема заслужено е избран за најдобар играч бидејќи со Челси триумфира во Лигата на шампионите, додека во „азурите“ триумфора на Евро 2020.

Жоржио кариерата ја започна во родниот Бразил, по што се пресели во Верона, а од 2014 до 2018 година настапуваше за Наполи. Пред три години се пресели во Челси чиј член е и сега.
Кај дамите, најдобра е фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас.


УЕФА исто така ги прогласи и останатите најдобри играчи по позиции, очекувано тренер на годината е Томас Тухел кој со Челси триумфира во ЛШ. Конкуренти за престижното признание му беа Пеп Гвардиола и Роберто Манчини кој со Италија триумфира на Евро 2020.
За најдобар тренер на женска екипа е избран Луис Кортес, тренерот на Барселона која триумфира во ЛШ.

Останатите награди им припаднаа на:
Најдобри голмани: Едуард Менди (Челси) и Сандра Пањос (Барселона)
Најдобри дефанзивци: Рубен Дијаш (Манчестер сити) и Ирене Паредес (Барселона)
Најдобри играчи од среден ред: Нголо Канте (Челси) и Алексија Путељас (Барселона)
Најдобри напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија) и Јени Ермосо (Барселона).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот