Илкер Чатак / Фото: EPA/CLEMENS BILAN

„Жолти писма“ ја освои „Златната мечка“ за надобар филм на 76. издание на Берлинале

Филмот „Жолти писма“ (Yellow Letters) на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои „Златната мечка“ за најдобар филм на 76. издание на Берлински меѓународен филмски фестивал – Берлинале.

Наградата му ја врачи претседателот на жирито, Вим Вендерс, кој го опиша остварувањето како силна и јасна филмска артикулација на политичкиот јазик на тоталитаризмот. Филмот ја следи приказната за брачен пар – драмска писателка и актерка во современа Турција – кои поради својот протестен театар стануваат мета на државата, а иако дејството се одвива во Турција, филмот е целосно снимен во Германија.

Емин Алпер позира со „Сребрената мечка“ / Фото: EPA/SEBASTIAN REUTER / POOL

Сребрената мечка – големата награда на жирито ја доби „Спасение“ (Salvation) на Емир Алпер, додека наградата на жирито ѝ припадна на „Кралица на морето“ (Queen at Sea) на Ленс Хамер.

За најдобра главна улога беше наградена Сандра Хилер за историската драма „Ружа“ (Rose), а наградите за споредна улога ги освоија Ана Калдер-Маршал и Том Кортни за „Кралица на морето“. Сребрената мечка за режија му припадна на Грант Ги за „Сите го сакаат Бил Еванс“ (Everybody Digs Bill Evans), а за сценарио беше наградена Женевјев Дилуд де Сел за „Нина Роза“ (Nina Roza).

Абдалах Алкатиб и Такиједин Исад позираат со наградата / Фото: EPA/SEBASTIAN REUTER / POOL

Во програмата „Перспективи“ главната награда ја освои „Хроники од опсадата“ (Chronicles From the Siege) на Абдалах Алхатиб, додека во програмата „Генерација“ – која ги опфаќа секциите „Генерација Кплус“ и „Генерација 14плус“, посветени на филмови за деца и млади – се истакнаа „Светот на Гугу“ (Gugu’s World) на Алан Дебертон и „Тажни девојки“ (Sad Girlz) на Фернанда Товар. Директорката на фестивалот, Триша Татл, порача дека силните изјави и дебати се дел од демократската култура, нагласувајќи дека емоционално набиеното издание е доказ дека и фестивалот и кинематографијата ја извршуваат својата општествена улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот