Животот на Грета Гарбо, холивудската дива на 20. век која еден ден едноставно исчезна
На денешен ден е почината Грета Гарбо, една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Како водечка ѕвезда за време на немиот филм и раната златна ера на Холивуд, таа е позната по нејзините филмски портрети на трагични ликови и нејзините суптилни изведби.
Препорачано
Родена и израсната во Стокхолм, нејзините раните години ѝ биле далеку од гламурот на Холивуд. Најмлада од три деца, таа била израсната во сиромашен градски кварт. Нејзината мајка работела во фабрика за џем, а нејзиниот татко бил работник сè до неговата смрт, кога Гарбо имала само 14 години, пипува „Татлер“.
Гарбо работела во берберници пред да се вработи во стоковна куќа. Оттаму, таа успеала да се вработи како модел за каталозите на стоковната куќа и токму така била забележана од режисерот Ерик А. Петшлер, кој ѝ понудил улога во неговата кратка комедија „Петар Скитникот“ (Peter the Tramp). Следно за Грета била Кралската академија за драмска обука.
Во 1924 година познатиот фински режисер Мауриц Стилер ја земал за улога во неговата претстојна продукција. И покрај тоа што Стилер бил 22 години постар од неа, парот започнал романтична врска. Со дозвола од нејзината мајка, таа, исто така, легално го променила своето име од Грета Ловиса Густафсон во Грета Гарбо, по совет на Стилер.
Набргу потоа, генералниот директор на продуцентската компанија од Беверли Хилс ја видел Гарбо и се „навлекол“. Во јуни 1925 година, таа седела во задниот дел од едно кафуле, возбудено пишувајќи ѝ на својата најдобра пријателка Мими Полок (на која ќе ѝ пишува во текот на целиот свој живот) со веста дека наскоро ќе го направи десетдневното патување до Америка.
Гарбо не знаела дека деновите пред Америка ќе ѝ бидат најскапоцени. Во летото 1986 година, таа се присетила на „еден од најсреќните денови во мојот живот кога ја добив мојата прва вистинска филмска плата… Првото нешто што го направив беше да купам бисерна огрлица и прстен за мајка ми“.
Славата брзо се издигнала по нејзиниот дебитантски филм, „Торент“ (Torrent) во 1926 година. Следеле уште осум неми филмови, кои сите добиле широко признание. Но, зад затворени врати, таа напишала во писмо за Полок: „Единственото нешто што ме прави среќна е кога можам да одам до банката и да им испратам нешто дома на моето семејство“.
Додека снимала екстравагантна циркуска сцена за „Искушувачката“ (The Temptress), Стилер ѝ дал на Гарбо телеграма со вест дека нејзината сестра починала на само 23 години од рак. Гарбо го завршила снимањето тој ден, пошто не ѝ било дозволено да се врати дома на погребот.
Нејзин колега на следниот филм, „Месо и ѓавол“ (Flesh and the Devil), бил Џон Гилберт, со кого споделувале љубовни сцени толку интензивни што ниту еден од нив не го слушнал режисерот да вика „прекини“. Нивната врска станала романса во реалниот живот, што го навлекло големото внимание на медиумите, кои шпекулирале за можен брак. Сепак, вистинската приказна не била целосно така.
„Не можам да го правам она што сите го очекуваат. Не би ми било погодно да бидам во брак со него, премногу сум темпераментна, премногу нервозна и наскоро мажите што ќе се оженат со мене ќе откријат дека сум безмозочна и дека сакаме различни работи од животот“, напишала таа во писма кон Полок.
Додека завршувала нивната врска, таа се обидувала да го спаси од бездната на алкохолизмот, инсистирајќи тој да се врати во центарот на вниманието како нејзин колега во продукцијата на „Кралицата Кристина“ (Queen Christina), еден од нејзините најпознати филмови каде што го бакнува Гилберт облечена во машка облека, момент кој се смета за прв пример на квир кино.
Во 1929 година, трагедијата повторно ја погодила Гарбо кога таа добила вест дека Стилер починал на 45-годишна возраст, држејќи нејзин портрет во раката.
Емоционално исцрпена од опсесивните толпи и упорниот печат, Гарбо станала осаменик откако бил објавен нејзиниот прв и единствен непопуларен филм, „Жена со две лица“ (Two Faced Woman). Контроверзноста се проширила откако надбискупот Франсис Џ. Спелман од Њујорк напишал писмо во кое ги повикал верните римокатолици да го избегнуваат филмот поради неговото претставување на бракот.
Таа долго време била интровертна, ретко давала интервјуа и никогаш не потпишувала автограми ниту одговарала на пошта од обожаватели. Дури и на Оскарите недостигало нејзиното присуство, без оглед на тоа дали била номинирана или не.
Со пензионирањето имала и обид да си го врати приватниот живот. Таа купила стан со седум соби на 52-ра улица во Менхетен каде што претпочитале да ја викаат „Госпоѓица Браун“.
Времето го поминала дополнувајќи ја својата уметничка колекција, со дела, вклучувајќи ги и оние од Реноар, Пјер Бонар и Кис ван Донген.
Меѓу љубовниците бил и Џорџ Шли,а во своите мемоари, Сесил Битон, исто така, опишал афера што ја имал со Гарбо во 1947 година. Но, подетален поглед на нејзините пријателства и размени сугерира дека таа имала и романтични врски со жени. По смртта на Полок, беа објавени 60 писма меѓу Гарбо и нејзината пријателка од детството. Кога Гарбо дознала за бременоста на Полок, таа напишала: „Не можеме да си помогнеме на нашата природа, бидејќи Бог ја создал. Но, секогаш мислев дека ти и јас припаѓаме заедно“.
Гарбо почина од пневмонија на 84 години во април 1990 година. Нејзината пепел беше расфрлана на гробишта јужно од Стокхолм. Нејзиниот имот, вреден приближно 24 милиони фунти, беше предаден на нејзината внука.


