Животната приказна на Аманда Бајнс: Од дете – ѕвезда до зависничка од адерал која талка „гола и сама“ по улици

Фото: ЕПА / Принтскрин - Инстаграм

Една од најголемите тинејџерски ѕвезди во периодот од 1990-тите и 2000-тите на телевизиски канал „Никелодион“, Аманда Бајнс деновиве повторно ги полни насловните страници на таблоидните магазини и порталите. Некогашната тв-ѕвезда е ставена под лекарски надзор откако во неделата била забележана како талка „гола и сама“ низ улиците на Лос Анџелес, објави „Дејли мејл“.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Законот во Калифорнија дозволува полицијата и лекарите да задржат лице 72 часа. Во овој период, лицето се подложува на лекарски преглед. Бајнс моментално е во болница и најверојатно ќе ги помине следните неколку дена таму. Се претпоставува дека актерката не се здобила со повреди при споменатиот инцидент.

Фото:EPA/PETER FOLEY

Таблоидниот медиум „ТМЗ“ извести дека Бајнс запрела возач на автомобил среде улица и му кажала дека доживеала доживеала „психотична епизода“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)

Потоа, актерката се јавила во полиција, каде експертите за ментално здравје утврдиле дека таа треба да биде ставена под надзор.

Која е Аманда Бајнс?

Во 2000-тите, Аманда Бајнс беше најголемата тинејџерска ѕвезда и сите ѝ предвидуваа блескава кариера. Уште пред да наполни 18 години, актерката имаше освоено бројни филмски награди, имаше свое шоу и беше дел од некои од најпопуларните филмски проекти од тој период.

Но, притисокот од јавноста и проблемите со менталното здравје си го зедоа својот данок – по многуте проблеми со законот и зависностите, родителите на Аманда добија легално старателство над нивната ќерка, односно тие имаат контрола над нејзиниот живот со надеж дека ќе ѝ помогнат.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Аманда е родена во 1986 година, а кариерата ја почна уште во детството, најпрво снимајќи реклами. Набрзо нејзиниот талент беше забележан, па актерката почна да се појавува во телевизиски серии.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Таа си доби и свое телевизиско шоу – The Amanda Show – а јавноста беше вљубена во нејзината насмевка и позитивната енергија што зрачеше од неа.

Проблеми со законот

Аманда се појави во неколку популарни филмови, вклучувајќи ги Hairspray, She’s the Man и Easy A.

Самата вели дека изведбата во последниот филм, Easy A, ја натерала да се откаже од актерската кариера. Наводно, таа била потполно разочарана од себе и била убедена дека повеќе не смее да се појави на филм.

Фото: EPA/JIM RUYMEN

Само две години подоцна, во 2012-та, почнуваат проблемите на Аманда и нејзините судири со законот.

Во период од само 2-3 години, Аманда беше уапсена за поседување дрога, неколку сообраќајни несреќи кои ги предизвикала самата и возење без возачка дозвола.

Овој период Аманда почна да ги загрижува фановите и со нејзините твитови, кои неретко беа полни омраза кон ѕвезди како Ријана и Дрејк.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Во повеќето случаи, Аманда ги бришеше твитовите – нешто што ја натера јавноста да помисли дека актерката има сериозни проблеми со менталното здравје.

Аманда дури и го обвини татко ѝ дека ја злоупотребувал во детството, за потоа да го избрише твитот со објаснување дека татко ѝ „не направил ништо, но го обвинила бидејќи ѝ ставиле чип во мозокот по негова наредба“.

Депресија, зависности и девет години под старателство

Актерката самата изјави дека имала проблеми со депресија и дека била зависна од адерал – лек кој најчесто се користи за лекување АДХД.

За да го добие лекот, Аманда признала дека ги лажирала нејзините симптоми кога била на психијатар, а го пиела лекот толку често, што многупати ги заборавала нејзините реплики додека снимала сцени.

Во 2013 година, актерката беше фатена како подметнува пожар во Калифорнија во соседството каде што пораснала. По ова, Аманда беше затворена во ментална установа каде што се утврдило дека има биполарно нарушување.

Токму тогаш нејзините родители првпат се обиделе да добијат легално старателство над неа, со надеж дека ќе ѝ помогнат, но безуспешно. По вториот обид за легално старателство во 2014-та, тие успеаја, но судот одредил ова да биде само привремено.

Фото:EPA/PAUL BUCK

Кога станало јасно дека ситуацијата на Аманда не се подобрува, старателството било продолжено на седум години.

Веројатно ова ѝ помогнало на Аманда, бидејќи тој период таа се запиша на моден дизајн на универзитет во Калифорнија и изгледаше како среќата повторно да ѝ се насмевнува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Bynes (@rlamandabynes)

Набрзо Аманда повторно почна да објавува бизарни твитови во кои напаѓаше познати личности и членови од нејзиниот семејство.

Најпрво актерката велеше дека некој ѝ го хакирал профилот, но по извесно време стана јасно дека ова не е точно и таа самата ги пишува објавите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ChismologíaAZ ® (@chismologiaaz)

Овој период Аманда направи голема промена со нејзиниот изглед. Актерката си истетовира срце на лицето, стави пирс на носот и ја офарба косата во црна боја .

Во 2020 година актерката сподели дека се верила со нејзиното момче Пол Мајкл. Бајнс и нејзиниот партнер Пол , кој е студент по право, ја раскинаа свршувачката во јули 2022 година, но наводно ја обновиле врската во август истата година. Се шпекулира дека живеат заедно во домот на Бајнс во Лос Анџелес.

Тие се запознале на крајот од 2019 година, на состанок на анонимни алкохоличари, а се вериле неколку месеци подоцна, на Денот на вљубените во 2020 година. На 28 април 2020 година, Бајнс повикала полиција откако Мајкл, наводно, повторно почнал да користи опијати и го обвинила дека го вандализирал домот на неговата мајка, гледал порнографија и ги прекинал препишаните лекови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Актерката дипломираше на Институтот за моден дизајн и производство на дизајнерски производи во 2019 година.

Минатата сабота, Бајнс требаше да се појави на саем посветен на деведесеттите години, заедно со нејзините колеги актери со кои работеше на серијата „All That“, но во последен момент го откажа доаѓањето. Таа рече дека била спречена поради „здравствени причини“. Актерката претходно изјави дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со колегите Кенан Томпсон , Кел Мичел , Дени Тамберели, Лори Бет Денберг и други.

Доколку присуствуваше на саемот, тоа ќе беше нејзино прво појавување во јавноста откако во март 2022 година беше ослободена од деветодишното старателство, кога за нејзе се грижеше нејзината мајка.

Талкала гола низ улиците на Лос Анџелес: Аманда Бајнс е ставена под лекарски надзор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот