Талкала гола низ улиците на Лос Анџелес: Аманда Бајнс е ставена под лекарски надзор

Фото: EPA/Инстаграм

Американската актерка Аманда Бајнс (36), која порано беше една од најголемите ѕвезди на детскиот телевизиски канал Никелодион, е ставена под лекарски надзор откако во неделата била забележана како талка „гола и сама“ низ улиците на Лос Анџелес, објави „Дејли мејл“.

Таблоидниот медиум „ТМЗ“ извести дека Бајнс запрела возач на автомобил среде улица и му кажала дека доживеала доживеала „психотична епизода“. Потоа, актерката се јавила во полиција, каде експертите за ментално здравје утврдиле дека таа треба да биде ставена под надзор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Законот во Калифорнија дозволува полицијата и лекарите да задржат лице 72 часа. Во овој период, лицето се подложува на лекарски преглед. Бајнс моментално е во болница и најверојатно ќе ги помине следните неколку дена таму. Се претпоставува дека актерката не се здобила со повреди при споменатиот инцидент.

Минатата сабота, Бајнс требаше да се појави на саем посветен на деведесеттите години, заедно со нејзините колеги актери со кои работеше на серијата „All That“, но во последен момент го откажа доаѓањето. Таа рече дека била спречена поради „здравствени причини“. Актерката претходно изјави дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со колегите Кенан Томпсон , Кел Мичел , Дени Тамберели, Лори Бет Денберг и други.

Аманда Бајнс во 2008 година / Фото: EPA/PAUL BUCK

Доколку присуствуваше на саемот, тоа ќе беше нејзино прво појавување во јавноста откако во март 2022 година беше ослободена од деветодишното старателство, кога за нејзе се грижеше нејзината мајка. Причината за старателството беше нејзиниот јавен ментален слом и проблемите со законот.

Бајнс и нејзиниот партнер Пол Мајкл, кој е студент по право, ја раскинаа свршувачката во јули 2022 година, но наводно ја обновиле врската во август истата година. Се шпекулира дека живеат заедно во домот на Бајнс во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Тие се запознале на крајот од 2019 година, на состанок на анонимни алкохоличари, а се вериле неколку месеци подоцна, на Денот на вљубените во 2020 година. На 28 април 2020 година, Бајнс повикала полиција откако Мајкл, наводно, повторно почнал да користи опијати и го обвинила дека го вандализирал домот на неговата мајка, гледал порнографија и ги прекинал лековите.

Актерката дипломираше на Институтот за моден дизајн и производство на дизајнерски производи во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ChismologíaAZ ® (@chismologiaaz)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот