Жителите на кинескиот град Тијанџин по вторпат масовно ќе бидат тестирани за коронавирус

Ковид кина училиште./ Фото: EPA-EFE/HAO QY CHINA OUT

Жителите на северниот кинески град Tианџин ќе бидат подложени на втор круг тестови за коронавирус. По вторпат ќе бидат тестирани за ковид-19 сите 14 милиони жители на метрополата, по налог на локалните власти.

Мерката е потребна откако првите тестови, кои започнаа во неделата, открија 97 случаи на инфекција со сојот омикрон.

Во очекување на резултатите од новите тестови, жителите на градот се повикани да останат дома.

Тијанџин е само околу еден час од Пекинг, кој е домаќин на Зимските олимписки игри, кои започнуваат на 4 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот