Жиговина или инфаркт? Еве како болката во стомакот може да открие дека ви се заканува срцев удар

Фото: Профимедиа

Како да знаете дали болката во стомакот или жиговината се само краткотраен проблем или нешто многу посериозно?

Губењето здив, притисокот во градите или болката во раката и рамото – сите знаат дека се во прашање симптоми на инфаркт. Но, некои симптоми на болести на срцето може да се појават на необичен начин – особено кога е во прашање болката во стомакот. Тоа не е ништо необично кога знаеме колку се цревата важни за здравјето на целиот организам.

– Цревата всушност имаат сопствен нервен систем, исклучително сложен и префинет. Луѓето со дигестивни проблеми често имаат нервни пречки. Отсекогаш знаеме дека нашето чувство во стомакот има голем удел во тоа како целокупно се чувствуваме, но и какво е нашето здравје“, пишува Џулија Ендерс, лекар и автор на светскиот бестселер „Црева со шарм – сѐ за еден потценет орган“.

Д-р Махмуд Кара, појаснува дека микробиотата во цревата е една од најголемите во телото и дека содржи милион неврони кои се во соработка со сите други органи.

Дознајте дали болката во стомакот е поврзана со здравјето на срцето.

Жиговината може да значи проблеми со срцето

Повеќето од нас многу добро знаат што значи жиговина, тоа чувство на печење во желудникот коешто понекогаш се појавува со враќање на киселината од хранопроводникот во устата. Многу нешта може да предизвикаат жиговина, како консумирањето кофеин, алкохол, чоколадо и многу зачинета храна и ги влошуваат симптомите кај пациенти со ГЕРБ. Симптомите кои ја придружуваат жиговината често се многу слични со оние кои ги придружуваат другите, многу поопасни болести како што се ангина пекторис или срцев удар, кои обично се појавуваат при зголемен физички напор или психички стрес. Болката карактеристично се шири во долната вилица, левата или двете надлактици, а проследена е со чувство на притисок, тежина, замор, стегање и недостаток на здив.

Но, понекогаш може да значи и проблеми со срцето. Недоволниот проток на крв до срцето може да води до болка во градниот кош која може да личи на лоша дигестија, а на страниците на „Харвард здравје“ стои дека околу 8 милиони лица кои се јавуваат во итните служби поради болка во градите, повеќе од 4 милиони не се однесувале на болести на срцето.

Отокот може да биде поврзан со здравјето на срцето

Ако ви се чини дека стомакот чудно ви изгледа и ако забележите оток, веднаш реагирајте. Често тоа може да биде и последица од она што сте го изеле или испиле, но и симптом на затајување на срцето. Таа состојба може да доведе до задржување на крвта во подрачјето на градите што може да се забележи и на стомакот. Кога ќе дојде до оваа состојба, со отокот може да се дојде и до тешкотии со дишењето, а важно е веднаш да отидете на лекар.

Дали е во прашање инфаркт или вирус?

Понекогаш симптомите се многу слични. Повраќање и гадење може да се појават кај инфарктот.
– Симптомите на инфаркт може да вклучуваат болка во градите, гадење, жиговина, болка во стомакот и вртоглавица. Од друга страна, и некој вирус или труења со храна може да доведат до мачнини, повраќање, дијареја и жиговина – објаснува д-р Кара.

Некои симптоми можат да ви помогнат да ги разликувате овие две состојби, па така проблемите со срцето ќе се појават болка во градите, рацете, нозете и вратот, додека кај труењетп тие нема да се појават. Но, секако е важно секогаш навреме да се обратите кај специјалист ако забележите невообичаени и непријатни симптоми.

Американското здружение за срце наведува 75 минути неделно интензивна активност како вистинска мерка или 150 минути умерена активност. На овој начин ќе одржите здрава телесна тежина, но и ќе го вежбате срцето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот