Жесток отпор на „баделки“ против фаворитот за титулата во ВАБА

„Баделки“ беа рамноправни во текот на натпреварот против Монтана од Бугарија/Фото: wbcbadel1862.com.mk

Кошаркарките на Бадел 1862 ја испуштија првата прилика да стигнат до првата победа во регионалната женска Јадранска лига. Вечерва, во доста рамноправен натпревар, го „испуштија“ големиот фаворит за место на финалниот турнир, екипата на Монтана, која со подобра игра во второто полувреме, ја оправда улогата на фаворит. И ги однесе бодовите од гостувањето во Скопје (74:77).

„Баделки“ најавија дека уште во првата четвртина која ја освоија со 19:17 дека ќе бидат незгоден ривал за противникот од Бугарија. Тука не застанаа, продолжија кошаркарките на тренерот Перо Стамески да бидат рамноправен, на моменти и подобар противник од Монтана, па на паузата заминаа со уште еден поен „вишок“ (38:35).

На почетокот на третата четвртина, гостинките направија серија од 11:4 со која го превземаа водството (46:42). Во тој ритам се играше до крајот на овој период од премиерниот меч од регионалното натпреварување за македонскиот вицешампион. А Цветанка Димова со 11 поени, беше втората домашна кошаркарка со двоен број на реализации во водството на гостинската екипа од 54:48.

Во 34 минута, Монтана се стекна со најубедливото водство, од девет поени (62:53). Тука до израз дојде квалитетот на една од најдобрите екипи во регионалното натпреварување. Погодуваа четири кошаркарки кои и завршија со 10 и повеќе поени. Но, поважно од тоа, креираа недостижна предност (70:57) на нешто повеќе од четири минути до крајот на средбата во салата „Независна Македонија“.

Најефикасна во редовите на Бадел 1862 беше Александар Стојановска со 22 поени (осум скокови, но и девет загубени топки), пет поени поамлку запиша Цветанка Димова, а на спротивната страна по 15 поени имаа Габриела Николова и Марија Кинг (осум скокови).

Во второто коло од групата „Б“, кошаркарките на Бадел 1862 повторно ќе играат на домашен терен, на 6 октомври, противник ќе им биде словенечкиот претставник, Цинкарна од Цеље.

Во рамките од групата „А“ нашата втора екипа во ова натпреварување Баскет Кам убедливо беше поразена дома од српската Војводина со 48:100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот