„Жешко“ лето за Вардар, си одат Фелипе, Попов, Битанг..!

Фото: ФК Вардар

Вардар заврши уште една сезона на втората позиција, но овој пат без право за настап во квалификациите за Лигата на Европа, поради јасни причини.

По завршувањето на сезоната, на дури девет фудбалери на „црвено – црните“ им завршуваат договорите и се слободни. Тие се: Фелипе, Манев, Попов, Брдаровски, Мицевски, Лира, Најдовски, Битанг и Аврамовски.

Во овој момент е сигурно дека од клубот си заминуваат, односно нема да ги продолжат договорите Фелипе, Аврамовски, Попов, Лира и Битанг.

Не е сигурно ниту останувањето на другите играчи, Манев и Брдаровски имаат понуди од многу клубови, а Мицевски по сезоната најдобар стрелец секако дека ќе добие исто така примамливи понуди од странство.

Тренерот Васоски го очекува уште едно „жешко“ лето, иако нема да настапи во квалификациите за Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот