Андреј Жерновски / Фото: Телма / скриншот

Жерновски: Или нема да има шест милијарди евра или нема да има мигранти

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека доколку се точни информациите дека Владата преговара со Британија за прифаќање мигранти кои ќе бидат одбиени за азил во оваа земја, загрозени се стабилноста, безбедноста и иднината на државата.

Жерновски вели дека наводните преговори, кои Владата и премиерот Мицкоски демантираа дека се случиле или се случуваат, се поврзани со „стратешкиот договор“ со Бриатнија, кој македонските власти го потпишаа во мај годинава.

„Дали има поврзаност меѓу кредитот и мигрантите? – Има. Значи или нема да има во Македонија шест милијарди евра или нема да има мигранти. Едното со друго не оди, тоа е вистината за која ние прашуваме уште од мај. Што се крие позади овој договор прашуваме. Велика Британија уште од Брегзит, кога ги направи правилата за миграција има недостаток од 330.000 работни места. Таква Британија овде праќа работна сила, рече Андреј Жерновски“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот