Жерар Депардје го осуди Путин: Народот не е одговорен за лудите, неприфатливи испади на нивните лидери

жерар депардје
Жерар Депардје / Фото: Принтскрин/Инстаграм/gerarddepardieu

Актерот Жерар Депардје во четвртокот ги осуди „лудите, неприфатливи испади“ на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, иако до неодамна беше воодушевен од него.

„Рускиот народ не е одговорен за лудите, неприфатливи испади на нивните лидери како Владимир Путин“, изјави за „АFP“ филмската ѕвезда, пренесува „France24“.

Депардје, ја напушти Франција и зеде руско државјанство во 2013 година во знак на протест против предложеното зголемување на даноците за богатите во неговата татковина.

жерар депардје
Жерар Депардје / Фото: EPA/KAY NIETFELD

Откако доби руско државјанство, Депардје често ја фалеше земјата, воодушевувајќи се на „голема демократија“ и фалејќи го Путин, кого го спореди со покојниот папа Јован Павле Втори.

Во меѓувреме, тој беше обвинет за силување и сексуално злоставување на млада француска актерка во неговиот дом во Париз во 2018 година. Тој го негираше овој случај, велејеќи дека е „неосновано“. Сепак, судењето е во тек, затоа што судот во Париз не ги повлекува обвиненијата против актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DEPARDIEU Gérard (@gerarddepardieu)

72-годишниот Жерар иако е во пријателски односи со Путин, реши да се спротивстави на војната во Украина и повика на преговори само неколку дена по почетокот на руската инвазија минатиот месец.

„Русија и Украина отсекогаш биле братски земји. Јас сум против оваа братоубиствена војна. Оставете го оружјето и преговарајте!“, изјави тој минатиот месец.

Во четвртокот, тој рече дека ќе ги донира своите приходи од трите концерти во Париз на „украинските жртви на оваа трагична братоубиствена војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот