Продолжува судењето на Жерар Депардје: Судот во Париз не ги повлекува обвиненијата за силување

жерар депардје
Жерар Депардје / Фото: EPA/CARLOTA CIUDAD

Парискиот суд вчера, на 10 март, го одби барањето на актерот Жерар Депардје да ги повлече обвиненијата за сексуално злоставување против него, соопшти главниот обвинител.

73-годишниот Депардје е обвинет за силување и сексуален напад на млада француска актерка во неговиот дом во Париз во 2018 година, за што изјавил дека е „неосновано обвинение“.

Сепак, главниот обвинител, Реми Хајц, во изјавата рече дека има „сериозни и потврдени докази поради кои Жерар Депардје
мора да остане обвинет“ во случајот што го покрена актерката Шарлот Арнолд.

„Случајот сега ќе биде вратен кај обвинителот, кој ќе продолжи да работи на случајот“, рече Хајц.

Арнолд, која беше присутна во судницата, одби да ја коментира одлуката, но нејзината адвокатка Карин Дурије-Диболт за „AFP“ изјави дека на нејзината клиентка ѝ „олеснило“.

Да потсетиме, Арнолд на нејзини 22 години, во 2018 година поднела тужба, велејќи дека Депардје ја силувал двапати во неговата луксузна вила во француската престолнина неколку дена претходно. Обвинителот тогаш, во 2019 година, ја затвори истрагата поради недостиг на докази, но во летото 2020 година истата девојка успеа повторно да ја започне постапката.

Адвокатот на Жерар, Харв Темим, изјави дека актерот, кој моментално е на слобода, но под судски надзор, „целосно ги отфрла обвиненијата“.

 

Истрагата против Жерар Депардје се повторува поради наводното силување на девојка скоро 50 години помлада од него

 

Актерот Жерар Депардје бил обвинет за наводни силувања: Нападнал млада актерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот