Жените во ЕУ се пообразовани од мажите

Будимпешта/ Фото: Marc Bruxelle / Alamy / Alamy / Profimedia

Во земјите-членки на Европска Унија во 2022 година 42 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование, објави денеска Евростат.

Овој удел е за еден процент поголем од 2021 година, но сепак е под зацртаната цел на ЕУ, која сака 45 отсто од младите на таа возрасна категорија да бидат високообразовани до 2030 година.

Според податоците на Евростат, жените се значително пообразовани од мажите, односно во 2022 година 48 отсто од нив на возраст меѓу 25 и 34 години имале високо образование, додека само 37 отсто од припадниците на „посилниот пол“ имале универзитетска диплома.

Најобразовани Европејци во оваа возрасна категорија се Ирците со 62 отсто, потоа Луксембуржаните со 61 и Кипарците со 59 проценти. На дното на листата се Романците со 25 отсто високообразовани млади луѓе, потоа Италијанците со 29 проценти и Унгарците со 32 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот