Жени осудени на смртна казна ги запалија ќелиите во затворот во Техеран

Фото: Профимедиа

Осуденички на смртна казна кои се во затвор во близина на иранскиот главен град Техеран, денеска подметнале пожар во затворските ќелии, објави иранската државна новинска агенција IRNA.  Се вели дека осуденичките на смрт кои протестираа против управата на затворот го запалиле женскиот дел од затворот Карчак со палење на нивните алишта.

Не е јасно дали инцидентот е поврзан со протестиte на првата годишнина од смртта на Махса Амини, кој почина во полициски притвор.

Курдиската мрежа за човекови права претходно соопшти дека затвореничките одржале протести во затворот Карчак на годишнината од смртта на Махса Амини во саботата. Специјалните полициски сили влегле во одделот, ги претепале жените и застрелале некои од демонстрантите, тврди мрежата на курдското сунистско малцинство во доминатно мнозинскиот шиитски Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот