Жената која го распрашуваше Ковачевски во маркетот е активистка на ВМРО-ДПМНЕ?

Фото: Фејсбук / Ацка Станишева / „360 степени“

Жената која денеска влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој беше да пазарува во маркет во скопската населба Тафталиџе, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева, објави „360 степени“.

Таа денеска застана пред Ковачевски во маркетот и го праша како да го помине месецот со 12.000 денари, наведувајќи дека намалувањето на цените на основните прехранбени производи од по неколку денари, не е доволно.

Фото: „Слободна ТВ“ / принтскрин

Од ФБ-профилот може да се заклучи дека Станишева е активистка на ВМРО-ДПМНЕ, која била и член на избирачки одбор за локалните избори во Општина Карпош од редовите на партијата. На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за партијата. Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.

Фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски, пишува „360 степени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот