ВИДЕО | Пензионерка му се пожали на Ковачевски: Многу тежок живот дојде, не можеме да купиме ниту лекарства

Фото: Принтскрин

При денешната посета на маркет во скопската населба Тафталиџе од страна на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши, пензионерка ја искористи можноста да го праша Ковачевски како некој со 12.000 денари може да го преживее месецот во денешно време.

Цените се до плафон, со два денари макарони и еден денар на јајца кои беа 99 денари не е мерка. Многу тежок живот дојде, па не можеме да купиме ниту лекарства, се пожали жената.

Премиерот пак и одговори дека пензиите откако тој е премиер се зголемени на 16 проценти, а најави и ново покачување на пензиите во септември за дури 25 проценти. За високите цени на прехранбените продукти, Ковачевски додаде дека тоа е резултат поради војната во Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот