Жена тврди дека е реинкарнација на Мерлин Монро и дека се венчала со Мајкл Џексон
Американката Кејтлин Робертс тврди дека е во брак со духот на покојниот пејач Мајкл Џексон, како и дека тојживее вонеа, сака да јаде бисквити, но и дека таа самата е реинкарнација на Мерлин Монро. Воедно, таа откри бизарни детали од „нивниот живот“.
Препорачано
Имено, прво Мајкл ја запросил со розов свршенички прстен, а таа веднаш се согласила, па се венчале на церемонија во кадата во нејзиниот дом. Реинкарнацијата на Мерлин и духот на Џексон ги венчал Мартин Лутер Кинг, тврди Кејтлин, за која многумина на социјалните мрежи тврдат дека измислува и не е психички здрава. Понатаму Кејтлин опишала дека нема сексуални односи со духот на Мајкл, но тој сака да го користи нејзиното тело за танц, игра и јадење, она што не би можел сам да го прави.
– Тој сака да јаде во мене. Сака бисквити. Пцуе многу повеќе отколку што мислев додека бев негова обожавателка – тврди таа.
Поради овие изјави многумина веруваат дека таа е фанатик залуден од својот идол. Кејтлин за себе долго време тврди дека има натприродни моќи и можност за комуникација со духови, а кога ќе им каже на луѓето за тоа, тие мислат дека боледува од шизофренија и не ѝ веруваат.
View this post on Instagram


