Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Жена на тротинет избегала откако удрила и тешко повредила друга жена во центарот на Скопје

59-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако ја удрила жена која возела тротинет, која по несреќата избегала од местото, соопшти полицијата.

„Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека кај автобуска постојка ул.„11 Октомври“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од женско лице, удрил во 59-годишната А.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Млад скопјанец починал на гости кај другар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот