Жена добила 12 милиони долари на лотарија и никогаш не ги подигнала: Ливчето го фрлила во ѓубре

Фото: Shotshop GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Џенет Валентини (77) од Њујорк сподели со светската јавност како изгледа кога имате добитнo лото ливче и го фрлите во канта за ѓубре.

Џенет раскажала како имала добитен лоз во вредност од 12 милиони долари, но никогаш не го подигнала. Таа тврди дека пред 31 година имала добитен тикет со броевите 2, 3, 6, 43, 46 и 52, но дека го фрлила во корпа за отпадоци заедно со недобитните тикети, пишува „УСА тудеј“( USA Today).

Претставниците на локалната лотарија ѝ објасниле дека само доколку сопственикот на тикетот дојде лично да ги подигне парите, можно е да се подигнат.

„Сè уште играм Лото, но добивките ми се мали, само неколку долари или помалку“, објаснила жената.

Жената во тој јули 1991 година брзала да излезе од дома со двете деца и мајка си и во тој хаос добитниот тикет по грешка го фрлила во ѓубре. Таа отишла кај пријател за викенд и кога се вратила дома се обидела да си го најде добитното ливче, но за жал не можела.

Оваа награда е вратена во фондот на државната лотарија една година подоцна и се смета за рекордна сума во историјата на Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот