„Железниот“ Мајк Тајсон повторно во рингот – можна борба од 100 милиони долари!

Светската боксерска легенда, Мајк Тајсон/Фото: EPA/MARIO GUZMAN

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон сака повторно да се бори. Откако кон крајот на минатата година се бореше со Рој Џонс Јуниор, тој сега сака да биде во рингот во февруари следната година.

И натаму неофицијално, но според бројни извори, противник ќе му биде познатата ѕвезда на Јутјуб, Логан Пол.

Покрај кариерата на Јутјуб, тој заедно со својот брат Џејк гради и боксерски клуб. Логан се бореше со Флојд Мејведер, но тој егзибициски меч заврши нерешено.

Сега Логан би можел да се бори со Тајсон, кој за разлика од Мејведер нема дефицит во физичкиот дел. Претходно овој месец, „Железниот Мајк“ беше домаќин на раперот Фреди Гибс како дел од неговиот подкаст, каде што разговараше за неговите планови и зборуваше за браќата Пол.

– Тоа е борба која би генерирала големи пари („борба за пари“). Ваквите борби заработуваат пари. 35 милиони луѓе ги следат овие момци (браќата Пол). Секако дека би се борел со нив, а веројатно и тие би се бореле со мене. Во прашање се стотици милиони долари, а не им е грижа дали ќе бидат „тепани“ за тие пари – рече Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот