Ждреб за Вимблдон: Ѓоковиќ стартува против Аргентинец

Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN EDITORIAL USE ONLY

Денес беше извлечен ждребот за овогодинешниот Вимблдон, во кој и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна својот противник на отварањето.

Ривал на Ѓоковиќ во првото коло ќе биде Аргентинецот, Педро Качин кој е 55-ти играч во светот и со овој меч ќе се отвори Централниот терен на Вимблдон од 14:00 часот. Ако ја оправда фаворитската улога во второто коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Брендон Накашима и Џордан Томпсон.

Во третата рунда може да се соочи со Томас Ечвери и Стан Вавринка, додека во осминафиналето веројатно ќе се соочи со Хуберт Хуркач, Лоренцо Мусети или Душан Лајовиќ.

Веќе во четвртфиналето може да видиме голем меч против Андреј Рубљов или Ник Кирјос кој играше финале минатата година. Полуфиналето може да донесе меч со Каспер Руд или Јаник Синер кој е прв фаворит во тој дел на ждребот. Тука е и уште Тејлор Фриц кој се надева на подобар настап од минатогодишниот кога беше запрен во четвртфиналето.

Против Медведев или Алкараз, Ѓоковиќ може да игра само во финалето. Секако, сето ова е под услов да не се случи некаква сензација и големо изненадување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот