Ждреб, Лига Европа: Еурофарм Пелистер во третиот, а Металург во шестиот шешир

фото: seha-liga

ЕХФ ги објави шеширите за утрешниот ждреб (11.00 часот, Виена, Австрија) за групната фаза во Лига Европа во чија прва сезона ќе има два претставници од Македонија, Металург и Еурофарм Пелистер.

Ќе бидат формирани четири групи, секоја ќе има по шест екипи, битолскиот состав на Еурофарм Пелистер кој директно се квалификуваше за групната фаза се наоѓа во шеширот „3“ заедно со Чеховски Медведи, Татран Прешов и Бешикташ, и тие не му можат да му бидат ривали.

Скопски Металург кој мораше да помине две квалификациски кола, сместен е во шеширот „6“ со екипите на Тримо Требиње, ЦСКА и со Кристијанштад, и со нив не може да биде во групата.

Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

Исто така од Европската ракометна федерација информираат дека во една група не може да се најдат две екипи од една земја, што значи дека Металург и Еурофарм Пелистер не ќе можат да играат заедно во група.

Шеширите за утрешната ждрепка (четврток, 1 октомври):

Шешир 1: Адемар Леон (Шпанија), Ним (Франција), Магдебург (Германија) и Татабања (Унгарија)

Шешир 2: Висла Плоцк (Полска), Динамо Букурешт (Романија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и Алингсас (Шведска)

Шешир 3: Еурофарм Пелистер (Македонија), Чеховски Медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка) и Бешикташ (Турција)

Шешир 4: Феникс Тулуз (Франција), Монпеље (Франција), Фуксе Берлин (Германија) и Рајн-Некар Левен (Германија)

Шешир 5: Аон Фиверс (Австрија), Нексе (Хрватска), ГОГ (Данска) и Спортинг Лисабон (Португалија)

Шешир 6: Металург (Македонија), Тримо Требиње (Словенија), Кристијанштад (Шведска) и ЦСКА (Русија)

Натпреварите во групната фаза ќе почнат на 20 октомври 2020 година, а најдобрите четири екипи од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето. Ждребот во живо можете да го гледате на официјалниот Јутјуб канал на ЕХФ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот