„Имаме премногу работа и една екипа од тројца- четворица лекари, четири медицински сестри и тројца шофери се снаоѓа како што може. Доволно сме екипирани, но мора да се каже дека е и време на годишни одмори, па и за персоналот. Се обидуваме да комбинираме од смена во смена и да ги опслужуваме сите пациенти. На терен се интервенира секаде. Има многу вртоглавици, најчести интервенции се кај повозрасната група граѓани кои имаат хронични кардиоваскуларни, респираторни хронични болести. Зголемен крвен притисок, астма, хронична белодробна болест, омалаксаност вртоглавици“, вели 
Зголемени се каснувањата од инсекти, крлежи, а последниве две недели имале пет интервенции на граѓани каснати од змии. За среќа, не завршиле фатално, а три случаи се префрлени на клиниките во Скопје.