Зетот на Ердоган поднесе оставка од функцијата министер за финансии

Зетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Берат Албајрак поднесе оставка од функцијата министер за финансии, посочувајќи поради здравствени причини.

„Откако бев министер скоро пет години, донесов одлука да не продолжам како министер за финансии поради здравствени проблеми”, наведе Берат Албајрак во порака на Инстаграм.

Албајрак (42) беше министер за финансии од јули 2018 година, а претходно три години беше министер за енергетика.

Неговата оставка следи по смената на гувернерот на турската Централна банка Мурат Ујсал, кого го замени поранешниот министер за финансии Наџи Агбал.

Аналитичарите се сомневаат во причината за оставката на Албајрак. Некои споменуваат дека тој добри односи со Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Се додава дека овие односи повеќе не се важни за Ердоган затоа што Трамп загуби на претседателските избори.

Албајрак е сопруг на ќерката на Ердоган, Есра, со која има четири деца. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот