Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Земјотресот ја замати водата во мавровско, надлежните со апел да не се пие

Јавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информира жителите на местата што се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради заматување.

Како причина се наведуваат земјотресите што утрово беа регистрирани во овој регион.

Земјотресот почувствуван во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола и Прилеп

– Поради земјотресот, чиј епицентар беше во Мавровскиот Регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период, додека не се смират потресите, да не ја пиете водата директно од вашите чешми- објавија од Јавното претпријатие на својата фејсбук-страница.

Земјотресот што утрово во 4:54 часот беше почувствуван на цела територија на земјава бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

ВИДЕО: Земјотресот ги исплаши животните, тажни крици одекнаа од скопската зоолошка градина

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Земјотрес од 5 степени во Гостиварско, пријавите од Балканот ја урнаа апликацијата „Ласт квејк“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот