Земјотрес во Истанбул, граѓаните во паника излегле на улица

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Силен емјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе најголемиот турски град Истанбул, соопшти опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување земјотреси.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 70 километри западно од Истанбул во морето Мармара, јужно од градот Силиври.

Очевидци велат дека почувствувале како се тресат зградите во Истанбул, а бројни граѓани панично истрчале на улиците.

Турција е трусно подрајче склоно на земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот