Земјите на Г7 ветија намалување но не и прекин со снабдувањето со руски гас

Самит Г-7

Богатите западни земји од Групата седум (Г7) ја обвинија Русија дека се обидува да го „вооружи“ нејзиниот извоз на енергија и вети дека ќе работи за да обезбеди Москва да не ја „искористи“ својата позиција како производител на енергија „за да профитира од нејзината агресија на сметка на ранливите земји“.

Г7 во соопштението објавено на 2 август наведува дека Русија го прекршила меѓународното право со инвазијата на Украина.

„Ние дополнително ги осудуваме руските обиди да го вооружи својот извоз на енергија и да ја користи енергијата како алатка за геополитичка принуда. Затоа Русија не е сигурен снабдувач на енергија“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на владата на Обединетото Кралство.

Во него меѓудругото пишува дека земјите ќе дејствуваат во солидарност и тесна координација за да го ублажат влијанието на нарушувањата во снабдувањето врз економиите и граѓаните на глобално ниво и во нивните земји.

Како одмазда на западните санкции, Русија го намали снабдувањето со енергија за земјите што ги сметаше за „непријателски“, предизвикувајќи стравувања кај многу европски земји дека нема да имаат доволно за да ја поминат следната зима.

Во соопштението се вели дека Г7 – составена од САД, Обединетото Кралство, Франција, Канада, Германија, Јапонија и Италија, ќе продолжи да истражува понатамошни мерки за да спречи Русија да профитира од нејзината агресивна војна и да ја „ограничи“ способноста на Русија да води војна.

Исто така, Групата ветува дека постепено ќе ја укине руската употреба на енергија од локалните пазари и ќе бара „да се развијат решенија кои ќе ги намалат руските приходи од јаглеводороди, ќе ја поддржат стабилноста на глобалните енергетски пазари и ќе ги минимизираат негативните економски влијанија, особено на земјите со низок и среден приход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот