ФОТО: Земји во кое жените со вишок килограми и облините симбилозираат убавина и добар живот

Unsplash
Unsplash

Нема земја во која жените не се обидуваат да изгледаат како модели, со совршени пропорции и тенка половина, но ретко кој знае дека во осум земји во светот се ценат облините и вишокот на килограми кои претставуваат симбол за убаво и привлечно женско тело.

Грција

Во Грција, се смета дека женскиот стомак и облините покажуваат дека жената е здрава.


Мексико

Во Мексико, важи правилото дека само оние луѓе кои живеат добро и добро заработуваат можат да јадат обилно, така што полната фигура е знак за добар живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiki Reviews (@kikireviews)


Авганистан

Во Авганистан се верува дека жените со просечна или прекумерна тежина раѓаат поздрави деца од оние кои се послаби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plus size fashion (@noxolo_shangase)


Самоа

Во Самоа се верува дека се слаби само оние луѓе кои немаат доволно храна. Секој што живее добро и среќно има некој вишок килограми.


Јужна Африка

Во Јужна Африка, сите се восхитуваат на облините кај жените и тие се поврзани со доброто здравје и здравиот начин на живот.


Саудиска Арабија

Уште една земја во која телото со облини се смета за убаво, а притоа е знак на висок социјален статус.


Обединети Арапски Емирати

Да се биде малку заоблен е сосема нормално во ОАЕ и за мажите и за жени. Се верува дека оние кои водат среќен живот немаат време да се заморуваат со тоа дали имаат масни наслаги на телото, малку поголем стомак или некој сантиметар вишок во обем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah de Sousa (@sath_de_sousa)


Бразил

Сите знаеме дека Бразилките се синоним за убави жени кои во последно време повеќе се залагаат за здрав начин на живот, отколку за тенок струк и нозе што ќе ги однесат на модната писта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот