Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Зеленски: Украина останува на предлогот да не ја напаѓа цивилната инфраструктура

Украина останува на својот предлог да не се напаѓа цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој истакна дека Русија го отфрлила не само американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот, туку и вчерашниот предлог – „предлог за продолжување на активностите насочени кон мир по Велигден“.

„Сето ова уште еднаш покажува што навистина сака Москва. Сепак, Украина останува на својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура. И очекуваме јасен одговор од Москва. Подготвени сме за каква било дискусија како да го обезбедиме тоа“, нагласи украинскиот лидер во вечерното видео обраќање, пренесува украинскиот Интерфакс.

Според него, прекинот на огнот е првиот, сигурен чекор кон мирот.

„Постои очигледен, наједноставен и најсигурен начин, а тоа е да ги запрете ракетни напади и беспилотни летала со долг дострел, и тоа автоматски ќе ја гарантира безбедноста на целата цивилна инфраструктура“, додаде Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот