Зеленски, фото: Принтскрин од видеообраќање

Зеленски се предомисли, не доаѓа во Белград на 21 мај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да ја посети Србија оваа недела. Наместо тоа, се очекува делегацијата на Украина во Белград да ја предводи Тарас Качка, вицепремиер за европски и евроатлантски интеграции, објавија украаинските медиуми откако вчера Н1.рс информираше дека оваа недела украинбскиот претседател ќе престојува во Белград.

Новинарот Михаел Мартенс од угледниот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ на платформата „Икс“ објави дека според негови „проверени извори“ украинскиот претседател Володимир Зеленски требало да го посети Белград во четврток на 21 мај, но дека посетата е одложена.

Мартенс наведува дека уште на 13 мај добил информација од, како што вели, многу сигурен извор“ дека Зеленски доаѓа во Србија, но дека подоцна од друг извор дознал дека посетата нема да биде реализирана во планираниот термин поради „специфични причини“ со напомена дека може да се случи наскоро, но дека датумот ќе биде познат дури во последен момент.

Мартенс ги наведува и политичките ефекти од евентуалната посета наведувајќи дека доаѓањето на Зеленски во Белград би можело да се протолкува и низ призма на односот на Србија кон војната во Украина и перцепцијата за нејзиниот исход.

„Ако сте претседател на Србија и очекувате победа на Русија, дали би го угостиле Зеленски во Белград?“, прашува Мартенс додавајќи дека истото прашање би можело да се постави и во обратна насока.

Досега, контактите меѓу претседателите на Србија и Украина главно се одвиваа во текот на меѓународни политички самити. Од почетокот на војната во Украина, српскиот претседател еднаш ја посети Украина на 11 јуни 2025 година во Одеса кога се одржа Самитот Украина – Југоисточна Европа.

Скопјанец е единствен кој лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот