Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Зеленски му даде зелено светло на врховниот командант на вооружените сили на Украина за кадровски промени

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вели дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, има одврзани раце за сите кадровски промени во армијата и во штабот, пишува Украинска Правда.

Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за натамошни промени во армијата и планираните дејствија.

„Сите украински команданти мора да го знаат фронтот, да го почувствуваат фронтот, вистинските потреби, мора вистински да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели“, нагласи Зеленски.

Сирски вчера најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот